МВР: 75 прекршоци за непочитување на првенството на минување
Контролата била спроведена вчера, од 07:00 до 12:00 часот, при што биле санкционирани возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила за првенство на минување. За прекршоците биле преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи констатирал 75 прекршоци за непочитување на правилата за првенство на минување во рамки на акциска контрола спроведена на територијата на целата држава.
Контролата била спроведена вчера, од 07:00 до 12:00 часот, при што биле санкционирани возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила за првенство на минување. За прекршоците биле преземени соодветни мерки согласно законските прописи.
Во текот на контролата биле констатирани и 283 прекршоци од друг вид.
Од МВР информираат дека продолжуваат со засилените сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.
