Свет

Трамп во ОН: Договор или уништување на Иран – „пред мене е голема одлука“

23.09.2026 11:34

Американскиот претседател Доналд Трамп во говорот пред Генералното собрание на ОН ја бранеше американската воена кампања против Иран, но остави отворена можност за договор со Техеран.

Американскиот претседател Доналд Трамп во говорот пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк ја бранеше американската воена кампања против Иран, но истовремено рече дека може да се постигне договор што би можел да стави крај на конфликтот.

„Пред мене е голема одлука. Дали ќе се склучи договор со Иран? Договор што ќе им овозможи да се обноват и да создадат многу помоќна земја отколку што некогаш била? Можеби една од најмоќните на Блискиот Исток, па и во светот? Или да ја уништам Исламската Република (Иран) и тоа да го направам брзо, без никогаш повеќе да им дадам шанса да убиваат и уништуваат луѓе и земји?“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Само неколку часа по заканувачкиот говор, американскиот специјален пратеник Стив Виткоф објави дека американската и иранската страна воделе долги разговори преку посредници, кои во текот на денот пренесувале пораки меѓу двете делегации. Заедничката воена команда на Иран на соопшти дека говорот на Трамп во ООН и заканите биле наменети за „домашна пропаганда“, а не за одраз на реалната состојба на терен.