Повторно топлотен бран низ Европа
Главната причина за овој феномен е формирањето на долина на низок воздушен притисок над Северниот Атлантик, која потиснува топол, речиси тропски воздух од Северна Африка длабоко кон европскиот континент.

Топлотен бран повторно ќе ја зафати Европа на крајот од септември и ќе продолжи во првите денови од октомври.
Се очекуваат температури над просекот за овој период од годината. Главната причина за овој феномен е формирањето на долина на низок воздушен притисок над Северниот Атлантик, која потиснува топол, речиси тропски воздух од Северна Африка длабоко кон европскиот континент.
Најекстремни температури се очекуваат на Иберискиот Полуостров, каде што во централните и јужните делови на Шпанија и Португалија се очекуваат температури до 40 степени.
Италија и Балканскиот Полуостров исто така влегуваат во фаза на невообичаено топло време. Се очекува температурите во северна Италија, Тоскана, на Балканот и во Грција да се искачат до 30 Целзиусови степени, со што ќе се приближат до историските рекорди за овој период од годината.
