Хаг

Караџиќ: Хашкиот трибунал му суди на целиот српски народ

01.10.2014 19:21

Екс генералот Радован Караџиќ ја презеде моралната одговорност за злосторствата на Србите во Босна и Херцеговина, но тврди дека не ги наредил. Во завршните зборови, го обвини судот на Обединетите нации дека „му суди на целиот српски народ“.

„Измислицата за здружено злосторничко дејствување обвинителството ја позајмило од случаите со организиран криминал. Нека ја тргнат и да видиме за што ќе биде обвинет тогаш Караџиќ. Ќе останат само моите добри дела“, рече Радован Караџиќ, поранешен водач на Србите во БиХ.

Пресудата ќе му биде изречена на Караџиќ до година и според најавите на обвинителството ќе биде доживотен затвор.