Уставен суд

Уставен ќе одлучува по иницијативата на Левица за уставноста на одредбите од Изборниот законик

23.09.2026 10:50

На седницата во почетокот на јули, уставните судии поради недоволно мнозинство не донесоа одлука по иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Изборниот законик, поднесена од Левица и партијата Демократи...

Уставниот суд ќе одлучува по иницијативата на политичката партија Левица за уставноста на одредбите од Изборниот законик поради кои партијата беше исклучена од платеното политичко рекламирање на последните локални избори што се одржаа лани. На седницата во почетокот на јули, уставните судии поради недоволно мнозинство не донесоа одлука по иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Изборниот законик, поднесена од Левица и партијата Демократи.

Од двете партии бараат Уставниот суд да одговори дали е дозволено изборните правила селективно да создаваат нееднакви услови за политички натпревар.