МВР

Во струмичко откриена нелегална плантажа со канабис, одземени 680 килограми стебла

23.09.2026 12:28

Полициски службеници, со судска наредба и техничка поддршка од Регионалниот центар за гранични работи Исток, извршиле повеќе службени дејствија и истражни мерки на место викано „Матник“, во атарот на селото Секирник.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против две лица од општина Ново Село поради сомнение дека неовластено произведувале и одгледувале канабис со цел производство на марихуана.

Полициски службеници, со судска наредба и техничка поддршка од Регионалниот центар за гранични работи Исток, извршиле повеќе службени дејствија и истражни мерки на место викано „Матник“, во атарот на селото Секирник.

Пријавените, според МВР, претходно се договориле, ја обработиле почвата и во мај годинава засадиле семе од канабис, по што ги одгледувале растенијата. Од нив биле одземени повеќе стебла со различна висина, со вкупна тежина од околу 680 килограми.

Двете лица биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица. Во службен разговор, според МВР, признале дека ја направиле нелегалната плантажа.

По поднесувањето на кривичната пријава, тие биле изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Струмица.