Култура

Сулејмани во посета во Анкара

23.09.2026 15:43

Со турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој разговарал за културната и туристичката соработка, културното наследство и соработката во рамки на УНЕСКО.

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани во рамки на работната посета на Турција оствари повеќе средби на високо ниво во Анкара. Со турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој разговарал за културната и туристичката соработка, културното наследство и соработката во рамки на УНЕСКО.

Во Музејот на анадолските цивилизации, Сулејмани и Ерсој присуствувале на изложбата „Колекција на метални пари ковани во Скопје и Кратово (XIV–XVII век) – Патувањето на парите“.

Министерот ја посетил и Националната библиотека во Анкара, а остварил одделни средби и со заменик-министерот за правда Седат Ајјилдиз и заменик-министерот за внатрешни работи Булент Туран. На средбите биле разменети мислења за зајакнување на меѓуинституционалната соработка и прашања од заеднички интерес.