Вашингтон
Мицкоски на состанок на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Њујорк
23.09.2026 10:54
Во пресрет на средбата, Мицкоски побара поголемо вклучување на претставници на ЕУ во разговорите за надминување на разликите со Бугарија...

Македонската делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, денеска ќе учествува на состанокот на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан во Њујорк, во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации.
Состанокот ќе го води високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.
Во пресрет на средбата, Мицкоски побара поголемо вклучување на претставници на ЕУ во разговорите за надминување на разликите со Бугарија.
