Сцена

„Гола месечина“ од 25 до 27 септември во Аеродром

23.09.2026 11:21

Тридневната фестивалска програма, од 25 до 27 септември, ќе понуди разновидни културни и забавни содржини за посетителите од сите генерации.

Културната манифестација „Гола месечина“ и годинава ќе се одржи во паркот „Авионче“ во Општина Аеродром.

Тридневната фестивалска програма, од 25 до 27 септември, ќе понуди разновидни културни и забавни содржини за посетителите од сите генерации.

На програмата се музички настапи, стендап-комедија, кабаре, детска програма и други содржини.

Од Општина Аеродром информираат дека со поддршката на фестивалот продолжуваат да придонесуваат кон збогатување на културниот живот во општината и создавање можности за граѓаните да уживаат во културни содржини.

„Гола месечина“ ќе се одржи на 25, 26 и 27 септември во паркот „Авионче“, а влезот за сите посетители е бесплатен.