МВР

Претрес во Скопје, пронајдена дрога и фалсификувани пари

23.09.2026 13:02

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава...

Вчера во 23:10 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Е.К.(46) од Скопје, соопштија од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага и 20 фалсификувани банкноти од 100 денари.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.