мвр

Приведени пет лица во Скопје за предизвикување пожар, следуваат соодветни поднесоци

23.09.2026 20:37

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок...

На 22.09.2026 во 13:15 часот во близина на Соборен храм „Свети Климент Охридски“ на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.П.(63) од Битола. Тој бил забележан како во 13:00 часот на ул. „Максим Горки“ подметнува пожар на подземни контејнери. Набргу, по преземени мерки, тој е пронајден и лишен од слобода. Пожарот го изгаснала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 23.09.2026 во 00:10 часот на подрачјето на Бутел во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Б.И.(24), Џ.Љ.(26) и Р.Б.(21) од с. Света Петка, скопско, како и А.Џ.(20) од с. Сарај, скопско. Тие се сомничат дека запалиле огномет на нива, по што настанал пожар од кој изгорела сува трева на површина од околу 1000 метри квадратни. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.