мвр

Во струмичко откриена нелегална плантажа со канабис – приведени две лица

23.09.2026 17:30

Во атарот на струмичкото населено место Секирник, полицијата откри нелегална плантажа и одзеде 680 килограми стебла марихуана. Две лица се приведени кои добија мерка притвор...

Струмичката полиција откри дива плантажа со марихуана која ја одгледувале две лица од Општина Ново Село во месноста „Матник“ во атарот на селото Секирник. Двете лица на возраст од 30 и 34 години одлучиле на сокриен дел од нивата во мај оваа година да засадат канабис за што ја подготвиле парцелата ги посадиле семето и ги одгледувале стеблата.

„Во службен разговор тие признале дека, откако обезбедиле семе од растението канабис, ја обработиле почвата и направиле нелегална „плантажа“ на која во мај 2026 година ги засадиле семињата и ги одгледувале растенијата со цел производство на марихуана. Од пријавените се одземени повеќе стебла со различна висина и вкупна тежина од околу 680 килограми“, изјави Александра Трајанова портпарол на СВР Струмица.

Двете за време на акцијата се приведени и ќе одговараат за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци.

Ване Трајков