Економија

Гентерм одбележа 10 години работа во ТИРЗ Прилеп

23.09.2026 14:14

Димовски упати честитки до менаџментот и вработените на Гентерм Македонија, посочувајќи дека инвестициите во технолошко-индустриските развојни зони имаат пошироко економско значење – преку отворање работни места, зголемување на извозот, развој на производствените капацитети и стекнување нови знаења и вештини.

Десетгодишното присуство на Гентерм во ТИРЗ Прилеп е пример за континуирана соработка меѓу институциите и странските инвеститори, порача директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, на одбележувањето на јубилејот на компанијата.

Димовски упати честитки до менаџментот и вработените на Гентерм Македонија, посочувајќи дека инвестициите во технолошко-индустриските развојни зони имаат пошироко економско значење – преку отворање работни места, зголемување на извозот, развој на производствените капацитети и стекнување нови знаења и вештини.

Според него, значењето на една инвестиција е и во нејзиниот континуитет, односно компанијата да продолжи да работи, да се развива и да инвестира во луѓето.

Одлуката на една мултинационална компанија да инвестира во Македонија е важен чекор. Но, уште поважно е таа компанија да продолжи да работи, да се развива, да инвестира во луѓето и да ја гледа земјата како дел од својата долгорочна стратегија. Тоа е вредноста на континуитетот, рече Димовски.

Тој ја истакна и посветеноста на Владата за унапредување на инвестициската клима, создавање предвидливо деловно опкружување и поддршка на домашните и странските компании.

Димовски нагласи дека континуираниот дијалог со компаниите е дел од политиките насочени кон економски раст и отворање нови можности за граѓаните.