Шасивари: Решение за правосудниот испит ќе бараме со дијалог и партнерство
Решението за полагање на правосудниот испит на албански јазик ќе се бара преку дијалог и партнерство, најави министерот за правда Игор Филков. Во почетокот на октомври Шасивари планира средба со претставници на универзитетите и студентските организации, на која ќе биде презентирано како би функционирало решението во практика.

Решение за правосудниот испит ќе се бара со дијалог и со партнерство, вели министерот за правда. Во почетокот на октомври, Шасивари планира да покани претставници на универзитетите и на студентските организации на средба каде што ќе им се демонстрира како ќе функционира во практика решението.
Сепак, не изнесе детали како ќе изгледа тоа, но уверува дека ќе биде уставно, законско и според европските правила. Според министерот за правда, решението за полагањето правосуден испит на албански јазик не е „ниту политичко, ниту етничко прашање, туку правно, стручно и институционално“.
Шасивари соопшти и дека добил барања од пет универзитети, три кои изведуваат студии на албански јазик, еден на англиски и еден што има магистерски студии на англиски и на турски јазик.
