Демонстрациите не ги спречија властите во Хонг Конг да го обележат националниот ден на Кина
Владата на Хонг Конг со кревање на знамето го обележа националниот ден на Кина. Церемонијата ја следеа и илјадници демонстранти кои со блокада на улиците бараат Пекинг да не се меша во изборите. Шефот на администрацијата во говорот ја истакна значајната врска на Хонг Конг со Кина.
„Подобро општо отколку никакво гласање. Подобро шефот да го изберат 5 отколку 1.200 луѓе. Подобро е да излезете на гласање отколку на телевизија да гледате како гласа Комитетот за избори“, рече Леунг Чун-јинг, шеф на администрацијата на Хонг Конг.

„Ја следиме церемонијата, но истовремено сакаме да го искажеме нашиот став, да и кажеме на владата дека ни треба вистинска демократија“, изјави Бони Леунг, студент.