изборен законик

Финишира новиот Кривичен законик, во октомври ќе биде испратен на мислење

23.09.2026 17:17

Финишираат подготовките на новиот Кривичен законик, кој се очекува во првата недела од октомври да биде испратен на мислење, најави министерот за правда Јетон Шасивари. Паралелно се работи и на Изборниот законик, за кој од Министерството за правда најавуваат консултации со сите парламентарни партии и носење со консензус.

Финишираат подготовките на новиот Кривичен законик. Вчера била одржана средба на работната група и се очекува во првата недела од октомври да биде испратен за мислење – соопшти министерот за правда Јетон Шасивари. Сепак беше воздржан за деталите за новиот кривичен закон, чиј рок на усвојување завршува во декември.

Досега имаше неколку обиди да се смени законот, но секогаш тоа беше на штета на правдата, а во интерес на високата корупција, поради што ЕУ го стави меѓу приоритетните закони што треба да ги испорача Македонија.

Од Правда велат дека се работи и на Изборниот законик. Министерот Шасивари планира средба со претставниците на сите парламентарни политички партии, бидејќи мора да се донесе со консензус.

Претходно претседателот на Владата Мицкоски посочи дека чека заеднички предлог од опозицијата. Од СДСМ велат дека не се против гласањето на дијаспората електронски, но според нив мора да има цврсти гаранции дека нема да има злоупотреби. Левица пак подготвена на компромис, но бара една изборна единица. Различни позиции и во албанскиот политички блок.

Марина Стојанова-Тонева