Кривичен суд

Случај „Лотарија“: Обвинителството презентира над 230 документи, одбраната оспорува незаконска набавка

23.09.2026 17:03

Продолжи судскиот процес за набавката на видеолотариските терминали во Државната лотарија. Обвинителството презентираше повеќе од 230 документи, додека одбраната на петтемина членови на Надзорниот одбор тврди дека нема докази дека набавката била незаконска. Сите осуммина обвинети се изјасниле дека не се виновни.

Планови за набавки, барања, одлуки, нотарски акти – повеќе од 230 документи презентираше обвинителството за да докаже дека незаконски се купени видеолотариските терминали во државната Лотарија. Овие документи се анализирани и во вештачењето, кое ќе се разгледува на наредните рочишта.

Одбраната на петтемина членови на Надзорниот одбор на Лотарија вели – дека Обвинителството нема докази дека набавката е незаконска.

Сите осуммина обвинети, меѓу кои и екс вицепремиерот Артан Груби и поранешниот директор на Лотарија Перпарим Бајрами рекоа дека не се виновни. Обвинителството тврди – направиле штета од 9.7 милиони евра, така што купиле апарати за коцкање, а немале право да организираат таков вид на игри на среќа.

Анита Димитријевска – Велковска