Уставен суд

Одбиена иницијатива за измени на Изборен законик

23.09.2026 19:21

Собранието има право да одлучува кој ќе добие државни пари за изборна кампања, Уставниот суд ја отфрли иницијативата на „Левица“ за измени во правилата за државно финансирање. Од партијата ги обвинуваат за партизација на судот, и претседателот Костадиновски со личен став, сегашните одредби предизвикуваат нерамноправна изборна трка...

Собранието го има правото да одлучува за распределба на пари од државната каса за финансирање на партиите во изборна кампања согласно со Изборниот законик. Уставниот суд ја одби иницијативата на Левица, за законски измени за платено политичко рекламирање.

Уставниот суд одлучувал политички, реагираа од Левица.

„Оваа одлука мора да се чита политички! Уставниот суд денес не поведе постапка за една евидентна политичка дискриминација и цензура. Со тоа уште еднаш покажа дека е целосно неспособен да ја извршува функцијата за која постои. Наместо коректив на власта, судот се претвора во нејзин продолжен апарат – продолжена рака на ДПМНЕ и чувар на статус – квото во Македонија“-реакција на политичката партија-„Левица“.

Во издвоеното мислење пак претседателот на Уставниот суд, Костадиновски посочи ваквите одредби предизвикуваат нерамноправна изборна трка.

На седницата на почетокот на јули, уставните судии поради недоволно мнозинство не донесоа одлука по иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Изборниот законик.

 

Наташа Јанчиќ - Менковски