Временска прогноза
Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност
24.09.2026 08:05
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува...

Утрото ведро и постудено, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12 степени, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
