„Не пропуштај ниту еден ритам“ – едукативен панел по повод Светскиот ден на срцето
По повод Светскиот ден на срцето, денеска во Europe House Скопје ќе се одржи едукативен панел под мотото „Не пропуштај ниту еден ритам“, организиран од Здружението за кардиологија, во партнерство со Министерството за здравство и Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје.

Клучни цели на панел-дискусијата се подигнување на јавната свест за сериозноста и зачестеноста на кардиоваскуларните болести, рана превенција и едукација за важноста на навременото препознавање на симптомите, контрола на ризик-факторите и промоција на здрави животни навики со цел заштита на срцевото здравје.
На панелот ќе се обратат претставници на Здружението за кардиологија, Министерството за здравство и Светската здравствена организација кои ќе зборуваат за значењето на превенцијата, раната дијагностика и институционалната и личната одговорност во заштитата на срцевото здравје.