ЦУК

ЦУК: 23 пожари изгаснати, еден под контрола

24.09.2026 09:02

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани 24 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи. Активни пожари нема, еден е под контрола, а останатите се изгаснати.

Во изминатото деноноќие, до 7:30 часот утрово, биле регистрирани вкупно 24 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.

Во моментов нема активни пожари. Еден пожар е ставен под контрола, додека останатите се целосно изгаснати.

Под контрола е пожарот што зафатил нискостеблеста и мешана шума во близина на селото Белица, на местото викано „Кајорец“ во Општина Македонски Брод. Пожарот се проширил кон Јасен, на територијата на Општина Сопиште.

Изгаснати пожари се регистрирани во општините Босилово, Брвеница, Градско, Дебарца, Желино, Кривогаштани, Куманово, Неготино, Охрид, Прилеп, Радовиш, Свети Николе, Струмица и Шуто Оризари.

По два пожара биле евидентирани во општините Бутел, Битола и Дебар, додека во Општина Сарај биле изгаснати вкупно три пожари.