Внатрешната контрола на МВР за 9 месеци постапувала по 1116 случаи
Внатрешната контрола во изминативе 9 месеци постапувала по 1116 случаи. Поднесени се 12 кривични пријави против 19 вработени. Повеќето за полицајците кои се однесувале несовесно и непрофесионално добиле предупредување, за другите покрената дисциплинска постапка, а за некои поведена постапка за надомест на штета.

Во 2011-та се постапувало по 1250 случаи, 30 полицајци заработиле кривична пријава од. Во 2012-та внатрешна контрола имала најмногу работа, постапила по 1644 предмети, 23 полицајци добиле кривични пријави. Лани било постапувано по 1584 случаи каде полицијата непрофесионално се однесувала, а 12 службеници добиле кривични пријави.