Образование

Министерката Јаневска на конференција за безбедност и паметни технологии

24.09.2026 10:46

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе се обрати на 17. Меѓународна конференција „Безбедност 2030“ во Охрид. Академската заедница, институциите и експертите ќе разговараат за современите безбедносни предизвици, влијанието на новите технологии и градењето поотпорни општества.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска ќе се обрати на 17. Меѓународна конференција на тема „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества – ризици и предизвици“, која ќе се одржи во Охрид.

Конференцијата е во организација на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, а ќе ги обедини претставниците на академската заедница, институциите и експертите кои ќе дискутираат за современите безбедносни предизвици, влијанието на новите технологии и градењето поотпорни општества.

Најавено е дека министерката Јаневска ќе се осврне на темите поврзани со образованието, науката и нивната улога во развојот на безбедносните капацитети во услови на брз технолошки развој.