Култура

„Благоја Маневски: 40 години творештво“ – ретроспективна изложба во МСУ

24.09.2026 12:32

Изложбата го претставува творечкиот пат на Благоја Маневски од 1985 до 2025 година, обединувајќи дела од повеќе уметнички дисциплини – сликарство, објект, инсталација, фотографија, цртеж и перформанс.

Ретроспективната изложба „Благоја Маневски: 40 години творештво“ вечер во 20 часот ќе биде отворена во Музејот на современата уметност во Скопје.

Изложбата го претставува творечкиот пат на Благоја Маневски од 1985 до 2025 година, обединувајќи дела од повеќе уметнички дисциплини – сликарство, објект, инсталација, фотографија, цртеж и перформанс.

Неговото творештво се карактеризира со постојано истражување, експериментирање и преиспитување на границите на уметничкото дело, со особен акцент на материјата, просторот и личното искуство.

Маневски учествувал во значајни национални и меѓународни уметнички контексти, меѓу кои „Југословенски документи“, Биеналето на млади југословенски уметници во Риека и Венециското биенале.

Куратори на изложбата се Лилјана Неделковска и Натали Рајчиновска-Павлеска, а координатор е Благоја Варошанец.

Во рамките на изложбата е објавено и монографско издание посветено на творештвото на Благоја Маневски.