Здравство

Се очекува извештајот за случајот со 19-годишната родилка од Струмичко

24.09.2026 11:41

Медицинските експерти од земјава и од соседството, кои беа дел од стручната комисија, ќе го објават извештајот за случајот со 19-годишната родилка од Струмичко, која по породување со царски рез остана неподвижна. Извештајот треба да покаже дали имало пропусти во третманот на пациентката, од следењето на бременоста до породувањето и лекувањето.

Медицински експерти од земјава и од соседството кои беа дел од стручната комисија ќе го објават извештајот за 19-годишната родилка од струмичко која по породување со царски рез остана неподвижна.

Извештајот треба да покаже дали се утврдени пропусти при третманот на пациентката, од следење на бременоста, породувањето и лекувањето.

Претходно, вонреден инспекциски надзор во трите болници каде е третирана 19-годишната родилка изврши Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Обезбедена е медицинска документација од струмичката болница, Клиничката болница во Штип и Универзитетската клиника за неврологија во Скопје.

Породувањето со царски рез е извршено на 26 јуни во штипската болница. Случајот во јавноста го откри семејството на родилката. Очекуваат надлежните да објават како дошло до влошување на нејзината состојба и одговорност доколку се утврдат пропусти.