Акција

Приведени 13 лица во операцијата „Филтер“ за разбивање организирана група за шверц на цигари

24.09.2026 10:09

Извршени се десетина претреси на 20 локации во Гевгелија, Валандово, Струмица, Дојран, Велес и Скопје.

13 шпедитери, превозници, полицајци и цариници се приведени во операцијата „Филтер“ осомничени за шверц на големи количини цигари.Извршени се десетина претреси на 20 локации во Гевгелија, Валандово, Струмица, Дојран, Велес и Скопје.

Царинската управа во координација со МВР, Бирото за јавна безбедност и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција подолг период работела на случајот шверц на големи количини цигари за кои биле избегнати плаќање давачки во износ од неколку милиони евра.

Акцијата сè уште трае, а повеќе детали за приведените и конкретните кривични дела ќе бидат познати во текот на денот.