Њујорк

Мицкоски со лидерите од Западен Балкан и Каја Калас во Њујорк

24.09.2026 11:00

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк со лидерите на земјите од Западен Балкан и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, разговарал за актуелните регионални предизвици, зајакнувањето на соработката и заедничките приоритети.

Актуелните регионални предизвици, можностите за натамошно зајакнување на соработката и заедничките приоритети насочени кон стабилен, безбеден и просперитетен регион, теми за кои размениле мислења и разговарале премиерот Мицкоски и лидерите на земјите од Западен Балкан, во Њујорк на средбата со високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас.

Македонскиот премиер на социјалните мрежи објави и дека учествувал на панел-дискусија, на која се разговарало за важноста на мирот, дијалогот, одговорното лидерство и улогата на државите и меѓународните институции во справувањето со глобалните предизвици.

Македонија останува посветен партнер во напорите за мир, стабилност и соработка, како членка на НАТО и земја, стратешки определена кон европската интеграција, напиша Мицкоски на Фејсбук.