Руски напад врз Киев, има жртви и повредени
Украинскиот претседател Зеленски се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации, со повик да продолжи меѓународната поддршка.

Со балистички ракети Русија утрово го нападна Киев. Има жртви и повредени, откако остатоци од ракетите паднале во неколку градски населби. Украинскиот претседател Зеленски се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации, со повик да продолжи меѓународната поддршка.
„Ако Русија продолжи да го напаѓа нашиот енергетски систем и системот за греење, оваа зима би можела да биде многу тешка за нас. Но, како одговор, нема да имаме друг избор освен да направиме ситуацијата да биде болна и за Русија. И токму затоа велиме дека чекорите за деескалација се важни и неопходни пред почетокот на зимата“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски обелодени дека Украина префрлила двајца севернокорејски воени затвореници во Јужна Кореја.
