БЛИСКИ ИСТОК

Пезешкијан: Иран нема да се предаде во војната против САД

24.09.2026 14:20

Острата размена на пораки меѓу Вашингтон и Техеран од говорницата на Обединетите нации се преслика врз енергетските пазари.

Иранскиот претседател пред Генералното собрание на ОН, рече дека Трамп мора да знае оти отпорот на иранскиот народ само ќе се зголеми со санкциите, притисоците и заплашувањето.

Пезешкијан истакна дека Иран нема да се предаде во војната против САД и рече дека верува во дипломатијата како начин за обид да се стави крај на конфликтот.

Острата размена на пораки меѓу Вашингтон и Техеран од говорницата на Обединетите нации се преслика врз енергетските пазари. Неизвесноста ја врати нафтата на над 103 долари за барел.