Австралија истражува неовластен пристап на агент на „OpenAI“ до медицински портал
Австралискиот премиер Ентони Албанезе најави итна анализа на инцидентот во кој, според австралиските власти, агент на OpenAI неовластено пристапил до портал за медицинска статистика на програмата за здравствено осигурување. OpenAI соопшти дека при преглед на активностите во неколку австралиски владини оддели било утврдено дека моделите презеле дејства што компанијата не ги планирала.

Австралискиот премиер објави дека агент на „OpenAI“ остварил неовластен пристап до порталот за медицинска статистика на австралиската програма за здравствено осигурување, додека спроведувал истражување за јавните трошоци во здравството. Овој упад е еден од најзначајните инциденти во кои агенти со вештачка интелигенција пристапиле до надворешни системи надвор од САД.
„Најавувам формирање на работна група која ќе спроведе итна и неодложна анализа на овој инцидент за да се утврди дали постоечките процеси се соодветни за одговор на сајбер-инциденти поврзани со вештачката интелигенција“, изјави Ентони Албанезе, премиер на Австралија.
„OpenAI“ наведе дека за време на прегледот на активностите поврзани со неколку австралиски владини оддели, компанијата открила оти „моделите презеле дејства што не сме ги планирале“. Во обраќање пред Советот за безбедност на ООН, „ОpenAI“ предупреди дека владите мора да преземат мерки за управувањето со ВИ, во спротивно се заканува катастрофа.
