Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година
Признанието се доделува за долгогодишни остварувања во повеќе области, меѓу кои воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на животната средина и социјалната дејност.

Објавен е конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2026 година, соопшти Одборот за доделување на наградата.
Признанието се доделува за долгогодишни остварувања во повеќе области, меѓу кои воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на животната средина и социјалната дејност.
За наградата можат да бидат предложени поединци, групи творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Предвидена е можност признанието да биде доделено и на странски државјани, групи творци, екипи и институции од странство за долгогодишни остварувања од јавен интерес.
Конкурсот е отворен од 25 септември до 15 октомври 2026 година.
Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам.
