Македонија

УХМР: Облачно и постудено време со дожд, локално пообилен

24.09.2026 14:51

Врнежите ќе продолжат во текот на ноќта и во сабота претпладне, а локално се очекуваат и пообилни врнежи со над 30 литри на квадратен метар, информираат од УХМР.

Под влијание на циклонска активност, утре времето ќе биде облачно и постудено, со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе продолжат во текот на ноќта и во сабота претпладне, а локално се очекуваат и пообилни врнежи со над 30 литри на квадратен метар, информираат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје, времето ќе биде облачно и постудено. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината врнежите ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

По дождливиот период, според УХМР, следува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Наместа ќе има зголемена облачност и услови за повремен дожд.