Македонија

Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир

24.09.2026 12:29

Инцидентот се случи на 31-ви август околу 22 часот, кога дошло до физичка пресметка меѓу две групи. Во тепачката биле вклучени неколкумина, од кои четворица малолетници...

По три недели борба за живот почина 13-годишникот тешко повреден со нож во тепачка на улицата „Македонско-косовска бригада“.

Инцидентот се случи на 31-ви август околу 22 часот, кога дошло до физичка пресметка меѓу две групи. Во тепачката биле вклучени неколкумина, од кои четворица малолетници. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, при пресметката биле употребени ножеви, гумена палка и други предмети. Во инцидентот биле повредени повеќе лица, а 13-годишното дете се здобило со многу тешки повреди.

По настанот беше хоспитализирано во критична состојба на КАРИЛ, лекарите се бореа за неговиот живот. По околу три недели борба, детето им подлегнало на повредите.