Пријавување за субвенции за млеко на секои четири месеци

02.10.2014 10:00

Сточарите кои го предале своето млекo во овластени млекарниците имаат право на субвенции од 3,5 денари за литар. Пријавувањето е секои четири месеци и ќе трае до 5 ноември...

До 5-ти ноември е последниот рок за пријавување субвенции за предадено млеко во  домашни преработувачки капацитети. Сточарите ќе добијат по 3 и пол денари за литар кравјо, овчо и козјо млеко во период од 1-ви мај до 30 септември 2014 година.

Дополнителни 15 проценти се добиваат за млеко произведено на фарма на повеќе од 700 метри надморска височина.

Како доказ треба да се доставуваат и откупните белешки издадени од преработувачки капацитети регистрирани за производство на храна од животинско потекло.

Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство.

 

Методија Трајков