Кинескиот претседател Џјинпинг во тридневна посета на САД
САД и Кина на заедничка маса. Двајцата шефови во Њујорк со порака треба да бидеме партнери, а не ривали. Државниот секретар Рубио, пак вели дека без оглед на несогласувањата и разликите со кинеската влада, ова не е некоја мала држава.

Раскошен пречек со црвен килим и лично присуство – невообичаениот потег на американскиот претседател Трамп, кој го поздрави кинескиот колега Шји уште на аеродромот при неговото пристигнување на дводневниот самит во Вашингтон, отвори повеќе дилеми во меѓународната јавност. Имплицира ли оваа посета на кинескиот претседател глобални геополитички поместувања? Дали оваа средба на двајцата лидери на најмоќните нации во светот е момент што ќе ја исцрта иднината на планетата земја?
Без оглед на несогласувањата и разликите со кинеската влада, ова не е некоја мала држава – објасни државниот секретар Рубио.
„Ова е втората најголема економија во светот, со значителна воена сила која минува низ најбрзото воено зајакнување, веројатно во историјата. И, патем, тоа е земја со која имаме и сериозни точки на судир кога станува збор за трговијата, синџирите на снабдување, критичните минерали и слично. Затоа, сметам дека е одговорен државнички потег нашите лидери да разговараат и да се среќаваат. Така гледаме на тоа, и така ја гледаме оваа посета“, изјави Марко Рубио.
А, во моментов на „менито“ на Шји и Трамп има за решавање повеќе предизвици со кои справува светот. Очекувањата се дека на масата ќе се најде економската и енергетската криза, војните во Украина и во Иран, нуклеарното оружје, статусот на Тајван и секако предупредувањата дека вештачката интелигенција наскоро може да излезе од контрола.
Маја Стојанова
