Македонија

Се зголемуваат коефициентите за плати на претседателот и судиите на Уставниот суд

24.09.2026 16:54

Комисијата за прашања на изборите и именувањата едногласно ги усвои измените со кои се постапува по одлуката на Уставен.

Нови коефициенти за платите на претседателот и судиите на Уставниот суд. Комисијата за прашања на изборите и именувањата едногласно ги усвои измените со кои се постапува по одлуката на Уставен. Коефициентот за претседателот на судот се зголемува од 2.81 на 3.08 додека за судиите од 2,60 на 2,85.

Изменетите коефициенти ќе се применуваат со исплатата на платата за октомври 2026 година.