Кривичен суд
Две години условна казна за Љупчо Пецов-Ѓаволот за финансиски малверзации во случајот „Синџир“
24.09.2026 14:13
Бизнисменот Љупчо Пецов-Ѓаволот е осуден на две години условна казна за финансиски малверзации во случајот „Синџир“. Казната нема да се изврши ако во следните пет години не стори ново кривично дело.

Две години условна казна доби бизнисменот Љупчо Пецов – Ѓаволот пресуди скопска единица. Тој нема да оди зад решетки, ако во период од пет години не стори ново кривично дело.
Пецов претходно призна вина. Ќе треба да плати и 8.000 евра, а доби и забрана за вршење дејност во период од 10 години.
Му се судеше за финансиски малверзации и беше дел од случајот „Синџир“.
За време на истрагата го пријави својот адвокат Фехми Стафа дека му барал поткуп, кој потоа беше фатен на дело како зема 30.000 евра од сестрата на Пецов.
