Скопје

Регионална конференција за иднината на небанкарското кредитирање

24.09.2026 17:16

Во Скопје се одржува Регионална конференција за иднината на небанкарското кредитирање. Од бизнис-секторот најавуваат евентуални нови шокови кои би се прелеале во крајната цена на производите. Народна банка останува посветена на создавањето стабилен, сигурен и отпорен финансиски систем, којшто истовремено ќе биде отворен за иновации, конкуренција и нови модели на финансирање.

Македонската економија до крајот на годинава би можела да оствари економски раст меѓу 3,5 и 4%, и покрај глобалната енергетска криза. Но, стопанството смета дека сме исправени пред сериозни предизвици, па мора да сме подготвени за сите можни сценарија. Од бизнис-секторот најавуваат евентуални нови шокови кои би се прелеале во крајната цена на производите. Во таква ситуација „цунами во најава“, како што рече Пешев, стопанството треба да е подготвено на се.

Во меѓувреме, централните банки се наоѓаат во незгодна ситуација за повисоките камати, кои истовремено го забавуваат економскиот раст. Според гувернерот Трајко Славески, иднината на кредитирањето треба да значи поодговорен пристап кон кредитите.

Народна банка останува посветена на создавањето стабилен, сигурен и отпорен финансиски систем, којшто истовремено ќе биде отворен за иновации, конкуренција и нови модели на финансирање.

Според економските извештаи, се прогнозира глобален раст од 3% во 2027 година, но се предупредува дека повисоките цени на енергијата и геополитичката неизвесност можат да го забават закрепнувањето.

 

Борис Грујоски