Платформата „12.05“ бара Филипче да си замине од СДСМ
Поранешни и сегашни високи функционери од СДСМ, бараат актуелниот претседател Венко Филипче да си оди од партијата, велат дека нема да бидат нова политичка партија или независни листи за парламентарните избори. Филипче со контра одговор: нека се вразумат и нека не ја ситнат опозицијата.

Венко Филипче треба да си замине од СДСМ за партијата да тргне во позитивна насока. Ова го побараа поранешни и актуелни членови на партијата, обединети во платформата „12.05“. Сметаат дека СДСМ е заробена партија со статут и политики, а Филипче, кој добил партиска книшка за да стане министер, сега не го слуша гласот на членството.
Од платформата директни:
„Колку порано ќе се смени СДСМ, толку подобро. Венко Филипче треба да си замине или СДСМ останува на работ на егзистенцијата и кога ќе се одржат избори, ќе се најде во изборна кланица. СДСМ оди во непрепознатливост и во штит на власта.“
Членовите на платформата секој поодделно имале средби со Филипче, но по неколку од нив тие се откажале од понатамошен дијалог бидејќи, како што велат, пред нив зборувал едно, но подоцна не спроведувал ништо.
Филипче со контраодговор: нека се вразумат и нека не ја ситнат опозицијата. Лидерот на СДСМ смета дека тие работат за власта, а ако сакале да помогнат, вратите на „Бихаќка“ им се отворени.
Од платформата „12.05“ велат дека немаат намера да формираат нова политичка партија, ниту пак ќе настапат со независни листи на избори. Сметаат дека треба да ѝ се помогне на државата со стратешки определби и правци.
Миле А.Ристески
