Моќта на кадарот во документарниот филм
На претпоследниот ден од 47-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“, кинематограферите од документарната селекција ги споделија своите искуства за нивната работа и предизвици со кои се соочуваат при креирањето на документарни филмови. Во документарците тешко е да се пренесе се што се сака, без камерата да ја нарушува самата слика и развојот на дејствата...

Филмовите од документарната конкуренција беа во фокусот на прес-конференцијата на претпоследниот фестивалски ден. Оваа година селекцијата обединува осум филмови од осум земји, меѓу кои и францускиот филм „Босоногата Марија“ чија режисерка и кинематограферка е Ребека Дињ.
Директорот на камера Максим Катари на филм „Магарешка убавина, посочува дека со режисерката на Деа Ѓиновци, имале иста визија-луѓето кои ги снимаат да се прикажат како филмски ѕвезди, и да ги вклучат во самиот процес на снимање, да има разиграност. Во филмот е прикажано и самото снимање на филмот.
Богатата филмска програма продолжува и денес. Од официјалната селекција следуваат филмовите „Татковина“ на Павел Павликовски и филмот „Лав на мојот грб“, во режија на Тониа Мишиали.
Александра Максимовска
