Собрание

Прославата на независноста во фокус на пратеничките прашања

24.09.2026 19:02

Зошто сè уште нема информација за потрошените пари за прославата на независноста, праша пратеникот Оливер Спасовски од собраниската седница посветена на прашања до Владата. Одговори заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски дека достоинствено одбележување на опозицијата ѝ бодело очи.

Последниот четврток во месецот, вообичаено, резервиран за седницата за пратенички прашања, редовен механизам со којшто пратениците бараат отчет од извршната власт, за прашањата од јавен интерес.

Меѓу нив се најде и прославата по повод 35 годишнината од независноста на Македонија. Од СДСМ побараа целосна транспарентност за нејзиното финансирање и реализација. Пратеникот Оливер Спасовски истакна дека јавноста треба да знае на што биле потрошени, како што вели, милионски суми.

Од Министерството за финансии со став, на СДСМ им пречи фактот што ова беше една од најдобро организираните и најпосетени одбележувања на независноста на Македонија.

Од Министерството за финансии потсетија дека за сите прашања во врска со прославата, беше одржана и за заедничката прес-конференција на владата и претставниците на „Лотарија“. За потврдата во однос на платениот данок, пак, посочија дека може да биде доставена од страна на Управата за јавни приходи.

Марија Котовска