Етнички злосторства во Јужен Судан

24.12.2013 21:55

Нови докази за етнички убиства за време на минатонеделните масакри во Јужен Судан, предизвикани од борбите за власт меѓу претседателот Кир од племето Динка и неговиот поранешен заменик Мачар од племето Нуер. Во масовна гробница во Бентиу се најдени 75 тела, најверојатно на Динка. Во Џуба војската убила 200 луѓе, главно Нуер. САД подготвуваат 150 маринци да влезат во земјата и да помогнат во евакуацијата на Американците и заштитата на американски објекти.

„Предлог-резолуцијата на САД доби позитивна реакција од сите членови на Советот за безбедност. Ќе ја дополниме и ќе гласаме за неа утре во 3 часот“, рече Жерар Аро, француски претставник во Советот за безбедност.

Насилства во Централноафриканската Република

Во Централноафриканската Република продолжуваат насилствата меѓу муслиманските бунтовници Селека и христијанската милиција анти-Балака. Од улиците на главниот град Банги биле собрани 9 тела.

14 загинати во експлозија во Египет

Во експлозија на автомобил-бомба крај зграда на силите на безбедноста во египетскиот град Мансура загинаа најмалку 14 лица, а над 100 се повредени.

„Нападот беше нов бран на тероризам, најлошиот бран на тероризам со кој може да се соочи една земја“ изјави Хазем ел Беблави, премиер на Египет.

Никој не презеде одговорност, но се претпоставува дека зад нападот стојат членови на Муслиманското братство, кои ги зачестија нападите врз војската и полицијата.

„Победив“ – Едвард Сноуден

Поранешниот соработник на американските разузнавачки служби, а сегашен бегалец, Едвард Сноуден прогласи победа. Како што рече за „Вашингтон пост“, „Штом можеа да работат новинарите, моите напори беа потврдени. Не сакав да го сменам општеството, туку да му дадам шанса да реши дали сака да се смени самото“. Тајните документи на Сноуден ги натераа САД да ја преиспитаат политиката за следење.

Слобода за активистите на Гринпис

Руските власти се откажаа од кривичните пријави против тројца од 30 активисти на „Гринпис“ поради протестот на нафтената платформа „Приразломнаја“ во Баренцовото Море. Се очекува и другите активисти да бидат ослободени од обвиненијата за хулиганство со измените на законот амнестија на претседателот Путин.

Ивана Салтировска