Започнаа теренските обуки за заштита од болеста син јазик
Агенцијата за поддршка на руралниот развој почна со теренски посети на сточарите и нивна обука и препораки за заштита од болеста син јазик кај добитокот. По бруцелозата, ова е втора голема зараза која однесе голем дел од добитокот. Само во струмичко се угинати над илјада грла...

Околу илјада грла во струмичкиот регион угинале од болеста син јазик. Ветиринарите ги сумираа бројките и билансот на штета што досега го направи ова вирусно заболување меѓу трлата со овци и крупен добиток. Тие велат дека од времето на бруцелозата, болеста син јазик е единствен голем причинител на толкава смртност кај добиточниот фонд која не е за занемарување. Превентивата дала позитивни резултати.
„Се работеше на тоа да се поттикне имунолошкиот систем на организмот, да се заштитат и да се стават во една добра кондиција колку повеќе можеме. Болеста во моментов стагнира, а се надеваме и дека самите климатски услови ќе ни помогнат“, вели ветернинарот д-р Боре Стојанов- ветеринар.
Од Агенцијата за поддршка на руралниот развој ги почнаа теренските посети кај сточарите и нивната обука и препораки за дезинфекција на трлата и стадата со добиток. Сточарите треба да ги применуваат последниот сет на мерки кои ги препорачаа релевантните институции.
„Ги постетуваме сите сточари и ги советуваме дека треба да си ги исчистат своите одгледувалишта и да извршат стрижење на овците по ’рбетниот дел за да може да се истретираат“, изјави Зорица Илкова, од Агенцијата за поддршка на рурален развој Струмица.
Според првичната статистика, на ниво на Македонија над илјада сточари се погодени од болеста син јазик од која им угинале 6.000 грла.
Катерина Давчева
