„Нема да дозволиме рудници во Југоистокот“ – реакции на јавната расправа во Струмица
Рудници не се потребни и не знаеме зошто сте ги зацртале во Просторниот план за Југоистокот кога народот не сака тешка индустрија. Ова се реакциите на граѓаните кои беа присутни во Струмица на Јавната расправа по предлог-просторниот план кој предвидува до 2040 отворање на нови пет рудници за метални суровини.

Нема да дозволиме рудници во Југоистокот. Ова беше ставот на присутните на Јавната расправа за просторниот план на Македонија до 2040 година, каде е наведено дека треба да се отворат пет рудници за метали во земјава.
За Ѓорѓи Танушев од „Здрава котлина“ е несфатливо зошто се маркираат рудници, кога изминатава деценија граѓаните и преку протести и преку општинските совети кажаа „не“ на рудници.
Со дадените забелешки, просторниот план ќе оди на стручна ревизија и анализа за неговото влијание врз животната средина, кажаа од Министерството за животна средина.
Министерството за животна средина во наредниот период ќе организира повеќе регионални јавни расправи по просторниот план каде физичките и правни лица ќе може да ги дадат своите забелешки.
Ване Трајков
