Временска прогноза

Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд

25.09.2026 08:08

Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 13 степени, а дневната од 11 до 23 степени.

Во Скопје, облачно и постудено. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.