Македонија

Земјотрес почувствуван во југозападниот дел на Македонија

25.09.2026 08:19

Според првичните податоци, потресот бил регистриран во 22:18 часот по локално време, а епицентарот бил лоциран на околу 11 километри југозападно од Битола, на длабочина од 6 километри...

Земјотрес со магнитуда од три степени според Рихтеровата скала е регистриран вчеравечер во југозападниот дел на Македонија. Според првичните податоци, потресот бил регистриран во 22:18 часот по локално време, а епицентарот бил лоциран на околу 11 километри југозападно од Битола, на длабочина од 6 километри.

Земјотресот бил почувствуван од жители на Битола и околните населени места, како и во пограничниот регион.