Алкараз: Ако ги погледнеме бројките, Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња
„Ако ги погледнеме бројките, нема дилеми – Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња“, изјави Алкараз, кој истакна дека негов идол додека растел бил неговиот сонародник Рафаел Надал.

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз во интервју за Би-би-си зборуваше за најдобрите тенисери во историјата, посочувајќи го Новак Ѓоковиќ како најуспешен според статистиката.
„Ако ги погледнеме бројките, нема дилеми – Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња“, изјави Алкараз, кој истакна дека негов идол додека растел бил неговиот сонародник Рафаел Надал.
Ѓоковиќ има рекордни 24 Гренд слем титули, 40 трофеи од Мастерс турнирите и 428 недели поминати на првото место на АТП-листата. Во кариерата ги освоил сите Гренд слем турнири, сите Мастерс турнири и завршниот Мастерс, а има и златен олимписки медал.
Алкараз од денес до 27 септември ќе настапи на Левер купот во Лондон, во О2 арената, каде што ќе го предводи Тимот на Европа. Покрај него, во европскиот тим се Александер Зверев, Каспер Руд, Јакуб Меншик, Флавио Коболи и Рафаел Ходар.
Тимот на Светот ќе го предводи Тејлор Фриц, а во составот се и Алекс де Минор и Александер Бублик.
