САД-Кина: Продолжува трговското примирје
Најконкретен исход од средбата во Белата куќа е продолжувањето на трговското примирје за уште два месеца. Сепак, остануваат отворени прашањата за царините, кинеските набавки, ретките минерали и чувствителните технологии.

Претседателите на САД и Кина, Трамп и Џјинпинг, демонстрираа подготвеност за продолжување на дијалогот и избегнување нова ескалација.
Најконкретен исход од средбата во Белата куќа е продолжувањето на трговското примирје за уште два месеца. Сепак, остануваат отворени прашањата за царините, кинеските набавки, ретките минерали и чувствителните технологии.
„Имаме различни системи, но врските меѓу нашите народи траат и никогаш не сме се согласувале подобро“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
„Претседателот Трамп и јас одржавме искрена и длабока средба, постигнувајќи нови заеднички разбирања и давајќи нова стратешка насока на нашите билатерални односи“, рече Шји Џјинпинг, претседател на Кина.
Главна линија на поделба останува и Тајван, откако Шји повика Вашингтон да се спротивстави на независноста на островот. Разлики има и за вештачката интелигенција.
