Струшкиот триатлон клуб најуспешен, но нема услови за зимски тренинг

02.10.2014 10:53

Триатлонот е вистинско освежување во областа на спортот посебно во струшко- охридскиот регион затоа што тое е спорт кој вклучува велосипедизам, трчање и пливање и сето тоа во еден здив поточно во една трка. Триатлон клубот од Струга е првак во нашата држава, но немањето затворен базен и тренинг во зимските денови е голем хендикеп за спортот во општина Струга...

Триатлон клубот „Титани” од Струга е најдобриот ваков клуб во нашата земја, но и најуспешниот. Во Струга работи во склоп на пливачкиот клуб, а дисциплината пливање, возење велосипед и трчање за некои членови се покажа доста успешна и на државно, но и на европско ниво.

Четири члена од нашиот клуб се членови на репрезентација на Триатлон Федерација на Македонија. Имаме настапено на балкански првенства и на Европски купови. Досега сме настапиле во Турција, Бугарија и Романија а сега ни претстои и Европскиот куп во Лутраки, Грција во склоп на медитеранските игри, рече тренерот на триатлон клубот Титани од Струга, Никола Кутаноски.

За членовите на триатлон клубот три годишното членство донесе и многу освоени награди.

Сум настапувала досега на многу триатлони и дуатлони и скоро на сите сум земала второ место, вели Сара Петреска.

Досега сум учествувал на три интернационални натреварувања а за прв пат учествував на Балканското првенство дуатлон во Брашов, Романија потоа во Елазик, Турција на Балкански куп и сега во Бургас, Бугарија и како најголем успех е седмото место на Балканското првенство на дуатлон во Брашов, Романија, вели Цветко Маркоски.

За жал овој клуб од Струга кој е на првото место во нашата држава, без средства и базен во зимскиот период, секој тренинг го прави уште потежок. Можеби невообичаено, но реално, помош добиваат од триатлон клубот Ана-Да од Радовиш и нивната Општина, додека Општина Струга досега само најавувала средства, но реализацијата се уште не е направена.

 

Јованчо Наумоски