Техеран со седумдневен план за Ормускиот теснец, Вашингтон пред одлука
Иран нуди седумдневен план за повторно отворање на Ормускиот теснец и продолжување на нуклеарните разговори, доколку Вашингтон ги прифати неговите услови. Одлуката е во рацете на САД – нагласи иранскиот претседател.

Техеран и Вашингтон бараат излез од застојот во преговорите во Њујорк. Иран нуди седумдневен план за повторно отворање на Ормускиот теснец и продолжување на нуклеарните разговори, доколку Вашингтон ги прифати неговите услови. Одлуката е во рацете на САД – нагласи иранскиот претседател.
„Ние воопшто не сакаме да се бориме, но решително ќе се браниме. Никогаш не баравме и не сакаме војна. Америка е таа што мора да избере дали сака да ја заврши или не“, изјави Масуд Пезешкијан, претседател на Иран.
Израелскиот премиер Нетанјаху пред ОН порача дека иранскиот режим ќе падне и народот ќе биде слободен. Ги бранеше израелските воени операции во регионот и ги отфрли обвинувањата за геноцид во Газа. Десетици делегати во знак на протест ја напуштија салата.
„Еден ден, а можеби не е далеку, иранскиот народ ќе биде слободен. Нивниот режим ќе биде соборен од неговите лаги, од неговата корупција и од неговата суровост“, рече Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Во меѓувреме, Хутите тврдат дека со ракети и дронови ја нападнале саудиската провинција, Џизан. По нападот, Саудиска Арабија, Турција и Пакистан подготвуваат итни разговори.
